РЕГИСТРАЦИЈАТА Е УСПЕШНА!
7 БЕСПЛАТНИ ВЕЖБИ ЗА ТОНИРАН ЗАДНИК 
Здраво! Ти благодарам што си тука и што се реши да ги пробаш вежбите. Како бонус ти додадов уште два сета: загревање и истегнување. Да почнеме
Видео 1: Загревање
Без разлика дали станува збор тренинг, или друга спортска активност, загревањето секогаш е битно. Како за превенција од повреда, така и припрема на телото пред активноста која следи.
Видео 2: Тренинг со 7те BOOTY Вежби
Тренинг за целите нозе со фокус на задник, кој почнува од вежби во станата позиција кои покрај задникот ќе ни ги таргетираат одвоено квадрицепсот и задната ложа, откако ќе ги измориме во станата позиција - од легната позиција продолжуваме со таргетирано активирање на целиот глутеус.
Видео 3: Истегнување
Редовното и квалитетното истегнување е од исклучително значење за тонусот на мускулите, односно правилната дефиниција на мускулната маса. Кога вежбаме нашите мускули се во контракција со што се зајакнуваат и природно се затегнуваат.
Заклучок: Истегнувај се редовно и не го прескокнувај ова поле!