Dance Cardio Challenge

1590 ден.

Патувај со мене низ времето и вежбај во ритамот на музиката. Опушти го телото и запомни: Во танцот, нема погрешни движења! Имај ДИСКО од ДОМА! Од модерна до ретро хип хоп музика, 90с, 80с, латино... Не се потребни шминка и високи потпетици, забавувај се, троши безброј калории и биди сведок како исчезнува целулитот!

Твојот тренер

Ана Стојанова
Тамара (кореографија)

ЗОШТО DANCE CARDIO?

Музика + Вежби = ?

Бидејќи е најзабавниот начин за трошење на калории, тонирање на телото и стекнување на кондиција.

ВРЕМЕТраење на ПРЕДИЗВИК

2 месеци

Предизвикот ќе трае 5 недели. Пристап до материјалите ќе имаш 8 недели (2 месеци).

ЦЕЛТА НА ОВОЈ ПРЕДИЗВИК

Активирање на телото и умот

Освен трошењето на калории танцувањето не прави посреќни, ја намалува анксиозноста и ја убива монотонијата на класичниот тренинг. Човек што танцува, не може да биде тажен!

Што добиваш во предизвикот?

5 X КРАТки и ефективни DANCE CARDIO ТРЕНИНЗИ

Штом добиеш пристап до предизвикот, веднаш ќе ги забележиш 5те главни DANCE CARDIO видеа. Направени се со 5 X различни стилови на музика (диско, хип хоп, 90s, 80s, латино). Специјалното во сево ова е што се погриживме да таргетирааат различни мускулни групи со секое видео;

5 X видео сесии и танцување со мене и Тамара @tamcok

Ах...немам трпение да ја запознаеш Тамара. Тамара е “мозокот“ позади кореографиите и ја поканив да направиме дополнителни 5 “DANCE MASTERCLASS" сесии што ќе ги добиеш како БОНУС во овој предизвик.

План на исхрана (микс од најдобрите рецепти на програмите и предизвиците)

Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НАЈДОБРИТЕ рецепти од сите програми и предизвиците досега. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто :)

Кое е искуството на другите девојки

Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што се дел од овој предизвик

profile-pic
Елена Тноковска

Преубаво прво искуство за мене со Ана. Секој чекор од кореографиите ме полни со позитивна енергија и прави да не можам да сопрам со нцување. Дава позитивна енергија и насмевка за целиот ден. За позитивноста од армијата да не коментирам, лудило!
Исхраната е превкусна, здрави и вкусни рецепти, добри и за очи и за стомак. Им благодарам на Ана и на Тамара за оваа можност, која навистина ни го менува животот, посебно во овие времиња кога ништо не е нормално.
Топла препорака за овој предизвик ❤??

profile-pic
Сара Ристовска

Со оглед на тоа што овој ми е прв предизвик и не знаев што да очекувам , позитивно сум изненадена. Она што за мене беше врв е целиот спој на вкусни рецепти заедно со добро конципирани денсови и мнооогу позитивна енергија. После ова дефинитивно станувам дел од оние во " прва клупа " редовните. ???

profile-pic
Стефани Стојановиќ

Вежби за цело тело преку игра и забава! Незаборавен dance challenge! ??
Позитивна енергија, денсање, различни видови на танци, еден куп девојки собрани на едно место, мотивација и што уште не! Треба да се биде дел од оваа Армија за да се почувствува вистинската енергија, нешто што нема доволно зборови да се опише!
Дополнително, исхраната е вклучена, а храната е клучна за успехот и фит изгледот! ???

profile-pic
Камелија Тодорова

Секоја програма и предизвик на Ана се посебна магија, не само за резултатите во поглед на физичкиот изглед, туку за сѐвкупната енергија која ја шири Ана и целата Армија на девојки во групите. Јас сум презадоволна, и пресреќна што се пронајдов во целата приказна. Многу е убаво кога знаеш дека припаѓаш на една таква згодна, упорна и трудољубива Армија полна со љубов и мотивација. АнаСтојанова лајфстајл форева. Ѕвездата свети, Ана свети. Ајлавју ❤

profile-pic
Марија Стојанова

Dance Callenge-от на Ана е нешто неверојатно, имав денови кога мислев немам енергија да изиграм едно видео и 50 минути подоцна, препотена со сите 5 видеа изиграни, барам барем уште едно.
Разиграна, полна со позитивна енергија и денот може да започне.
Ана и целиот тим што стоите позади сите програми, благодарна сум ви до бескрај, ми го сменивте животот. Сакањеее ❤

profile-pic
Добрила Ваканска

Прекрасни моменти со многууууу енергија, еуфорија и среќа ❤??

profile-pic
Дијана Костовска

Комбинација на вежби кои ѓи размрдуваат сите мускули плус добиваш огромна енергија. Нешто што треба секој задолжително да го проба.

profile-pic
Дијана Шајн

Здраво јас сум Дијана ,па вака овие четири недели изденсав баш онака по моја волја иначе Ана е најискрено голем мотиватор си научив нови здрави рецепти и со е најважно бев 69кг па со денсајне симнав 65 кг .Но тука не застануваме одиме следно на летен фит предизвик...поздрав????

profile-pic
Тамара Костовска

Како и во секој претходен предизвик, така и во овој, Ана се има надминато!
Има посветено огромно внимание на деталите, од исхрана до танц.
Се активира секое мускулче а најважно се тонираат раце и грб! ?
Едноставно времето лета на овој предизвик, кога вежбаш со танцување, забавата е на највисоко ниво и го нема она: - лелеее нешто ме мрзи да вежбам денес!
По танцувањето енергијата е на 1000%!

profile-pic
Вероника Здравева

Искуството е феноменално, исполнет си со позитивна енергија, добро расположение и секако твоето тело се менува кон подобро секој можен ден. Топло ви препорачувам да се приклучите на програмите и предизвиците кај Ана верувајте, вашето тело ќе ви биде благодарно за тоа.

profile-pic
Софче Алексиева

Прво интересно и забавно искуство исполнето со прекрасни рецепти за здрава исхрана и превкусни десерти, но најважно од сѐ, заразни и професионални танци кои мислам дека никогаш нема да ги заборавам, искрено се надевам дека пак ќе се повтори овој предизвик, сѐ беше толку професионално и со душа направено. Навидум едноставно и лесно, но верувајте дека ќе си ја цедите маичката :))) се поклонувам пред Ана (нашата кралица) и Тамара, за нивната посветеност, професионалност и истрајност!!! Браво!

profile-pic
Ружица Зографска

Првпат се приклучувам на некој од предизвиците на Ана и едвај чекам да се приклучам на новите. Вежбаш, пееш, се забавуваш и воедно губиш килограми. Девојки не чекајте, сега е вистинското време да посветите некои триесеттина минути за вас.

profile-pic
Драгана Петров

Dance challenge не се опишува , ова мора да се доживее, нешто најдобро за што се решив оваа година, да си играш да се забавуваш, да вежбаш, да трошиш калории, и да добиеш семејство на чело со Ана со срце како планина, еднаш влегов со нив никогаш нема да излезам
АРМИЈАТА Е НАЈСИЛНА, НАЈПОЗИТИВНА, НАЈДОБРА
САКАЊЊЕЕЕЕЕЕ

profile-pic
Васка Љочева Јорданова

Прекрасна програма, забавно и убаво слабеење со мнооогу храна!

profile-pic
Aleksandra Tanaskoska

Uzivam so Dance Challenge sekoja den... Obozavam muzika posebno koga odrzuvas forma i zdravo telo so nea...

profile-pic
Ивана Димовска

Добро одбрана музика, добра кореографија. Modern beats ми е омилено видео, Dirty dancing е врв за вадење вода до даска ? Но, Mammacitas ми беше тотално разочарување. На таков јак почеток,Modern beats па како продолжуваа видеата мотивираа да се трудиш повеќе, очекував дека последното видео ќе ме остави без воздух, особено со изборот на песни. Наместо тоа, видеото е како за загревање и не го пуштив втор пат.Околу препорака- да,би го препорачала на друг ?

profile-pic
Деспина Паревска

Денс предизвикот беше најзабавниот предизвик досега. Полна со енергија и едноставно не можеш да се откажеш од играње. Чиста зараза. Едвај чекам Ана да извади нешто вакво слично во блиска иднина. ❤

profile-pic
Наде Андова

Овој Dance Challenge е најдобриот спој на танц и фитнес, со други зборови неверојатна спојка на Тамара и Ана и едно огромно фала од мое име и името на цела АРМИЈА за проектот кој ја разгори љубовта кон танцот кај сите девојки кои се пријавија. Топењето на масти никогаш не било позабавно!!! Се гледаме на подиум??? #сиГАЗиме

profile-pic
Марија Спасова

Што и да се каже, малку е. Ова е најдоброто нешто што можеше да се случи периодов. Едноставно заборавам на сите грижи и проблеми додека се забавувам и вежбам истовремено. Нека има уште многу вакви предизвици во иднина.

profile-pic
Александра Петреска

Супер забавен начин за ослободување од стресот што го предизвикува секојдневието и секако намалување на некој килограм. Видеата се кратки, чекорите лесни, позитивната енергија на максимум. Рецептите се добри. Здравата исхрана ја практикувам веќе долго време, па не ми претставува товар ниту готвењето,ниту конзумирањето на храната. Единствено многу од комбинациите навистина не ми одговараа (како пилешко со фета на пр.), но затоа се тука заменските намирници :) Се на се, од мене 5ка!

profile-pic
Љупка Велкова

Искуството во Dance Challenge беше неверојатно Работење на Телото и на Умот ,Позитивност , Енергија ,Добро испланирано мени кое ги задоволува сите потребни Витамини ,Минерали , Протеини кои ни беја потребни во нашата трансвормација на телото... Воедно го имаме најдобриот тим и Тренер кои се грижеја за сите наши потреби !!!
Единствено нешто што изгубив на овој предизвик беја Мастите и Целулитот ...
Препорачаноо и Ова Мора да се повтори ??????АnnA you are the best ??

profile-pic
Валентина Филиповска

Идеално за девојки/жени/мајки, кои сакаат да бидат во форма а немаат премногу слободно време, плус термините кога сакам/колку сакам ?
Интересно, забавно, не ни приметуваш кога си извежбал најмалку 40-50 мин.
Моја прва програма кај Ана, а дефинитивно не и последна! Топло препорачувам секој да проба ??

profile-pic
Јана Врангалоска

Презадоволна! После вежбањето добивам многу сила и енергија и одлично се чувствувам.

profile-pic
Анастасија Николовска

Не верував во себе дека ќе можам да го сменам својот начин на исхрана, начинот на живот. Не верував дека ќе ми фали вежбање, но, како Ана го има изведено тоа да станувам од спиење и мислам ајде да вежбам да се расположам, да уклучам да видам “АРМИЈАТА” како го поминува денот. Презадоволна од предизвикот, презадоволна од резултатите кои се добиваат со него.
Ако не веруваш во себе, верувај во Ана она ќе те промени ??

profile-pic
Тања Јакимова

Предизвикот е ептен мотивирачки и заразен. Dance видеата се доволно кратки за да те загреат и да продолжиш со уште некои вежбички по свој избор, а ги има многу во рамки на програмите на Ана. Оброците се едноставни и брзи за подготовка, а воедно здрави и превкусни. Подршката и позитивната енергија од членовите на ФБ групата е огромна. Така што, се е одлично замислено и спакувано, спремно да се проба. ? Резултатите се неизбежни!

profile-pic
Елена Спасовска

Dance Challenge-от е нешто што не може да се опише туку треба да се доживее. Таа позитивна енергија е незаменлива, ова е најинтересното нешто што досега сум го видела и вакво нешто нема кај нас, да губиш килограми со денсање и забава, плус здрави рецепти за секој ден, а професионалноста е на ниво! Само ќе кажам секоја чест ❤

Прашања и одговори

Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.

1. ШТО е DANCE CARDIO CHALLENGE?

Dance Cardio Challenge или вежбање на музика. Пет различни видеа со пет различни стилови на музики, кореографии и перфектно смислени движења според стилот на музиката . Спој на кардио вежби прилагодени да одговараат на тактот на музиката. Нова или модерна верзија на класичниот Денс Аеробик.

2. ЗА КОГО Е?

За СИТЕ! Без разлика која е твојата моментална цел, слабеење или накачување мускулна маса, сите имаме кардио сесии во неделата. Па наместо возење велосипед, џогирање, скокање на јаже, планинарење и слично... Измисливме многу позабавен и побрз начин да те дигнеме од кревет, а добрата вест е што се трошат три пати повеќе калории од вообичаено за рекордно време.

3. ДАЛИ МОЖАМ ДА ОСЛАБАМ ОД ОВОЈ ПРЕДИЗВИК?

Со DANCE CHALLENG-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат е мнооогу играње плус добра храна!

4. ШТО АКО МОЈАТА ЦЕЛ Е НАКАЧУВАЊЕ МУСКУЛНА МАСА?

Јас припаѓам во оваа група, сум и ќе бидам дел од предизвикот, а еве како: Продолжувам со мојата програма за зголемување на мускулна маса, а наместо да вртам на статичен велосипед како досега, јас ќе играм! Не знам дали знаеш, но за мене идеалното женско тело е извајано од мнооогу танцување + вежби за зголемување на мускулна маса, нешто во стилот на Бијонсе и Џеј Ло :) 

Верувај ми, никој никогаш не зажалил од премногу танцување!

5. КАКВА Е ИСХРАНАТА ВО ПРЕДИЗВИКОТ И ЗА КОГО Е?

Фокусот и магијата во овој предизвик се видеата со играње и би било неубаво да е поинаку. Храната секогаш зазема добро прво место на моите програми и предизвици па затоа решив да биде дел и од овој. Микс од најдобрите рецепти на моите програми кои ги одбраа девојките. Предлог мени кое ќе ти даде насока и идеи како да се исхрануваш. Повторувам, не заборавај дека на овој предизвик танцувањето е во прв план и сакам да те подготвам добро да влезеш во одлична кондиција за ЛЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК.

6. ШТО АКО ВЕЌЕ СУМ ДЕЛ НА НЕКОЈА ОД ТВОИТЕ ПРОГРАМИ?

Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот со играње. Биди сведок и види како се топи целулитот пред твои очи. Оној жар и црвенило на нозете после само едно видео од 10 минути. Вежбите во теретана се супер, но обемот на струкот најмногу се намалува овде. Јас сум заљубена во овој предизвик, ќе го обожаваш исто, а можеби и повеќе!

7. ДАЛИ ПРЕДИЗВИКОТ Е ЗА ПОЧЕТНИЦИ ВО ВЕЖБАЊЕТО?

Предизвикот е составен од пет различни видеа кои траат од 8 до 10 минути. Со секое следно видео се накачува и интензитетот на тренингот, но сепак сметам дека е прилагоден и за почетници. Без разлика дали си почетник или не мојот совет е слушај си го телото. Има денови кога сме со повеќе или помалку сила. Во делови од песните кога има рипање, направи ги истите движења само без скок се додека не се почувствуваш спремна да играш со ист интензитет како мене. Не заборавај дека секогаш можеш да стиснеш на пауза, да се одмориш, па да продолжиш. Чекорите се едноставни и може да ги следи секој. После неколку играња верувам дека ќе играш и без да ме гледаш. Уживањето започнува кога ќе ја научиш цела кореографија на памет!

8. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРЕДИЗВИКОТ?

Предизвикот ќе трае 5 недели. 

9. ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО СЛЕДАМ ПРЕДИЗВИКОТ АКО ИМАМ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ?

Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Станува збор за интензивно кардио од 10 минути без одмор. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

10. КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ ОД ДЕНС КАРДИОТО?

И покрај тоа што со секое видео таргетираме различна мускулна група, при танцувањето се активира целото тело! Согоруваме масти, а не ни е досадно ни секунда. Мускулите се тонираат и телото добива убава, женствена форма. Танцувањето не прави попаметни и пофокусирани затоа што во исто време се трудиме да го фатиме ритамот, да ја изведеме правилно вежбата, а треба и да се сетиме кој е чекорот што следува без да излеземе од ритам. Дефинитивно не прави посреќни, ја намалува анксиозноста и ја убива монотонијата на класичниот тренинг. Човек што танцува, не може да биде тажен!

11. КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ имам пристап до материјалите?

Пристап до материјалите ќе имаш вкупно 2 месеци. (8 седмици)

12. КАКО МОЖЕ ДА УПЛАТАМ?!

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Имаш прашање?

Пополни ја формата подолу и пиши ми :)