Што ќе содржи и како започна сѐ...

Еве што ќе содржи:

  • 5 X професионални Денс Кардио видеа;
  • 5 X 100 еур парични награди за неделните денс предизвици;
  • 5 X различни стилови на музика (диско, хип хоп, 90s, 80s, латино);
  • 5 X LIVE видео сесии и танцување со мене и Тамара;
  • Таргетирање со фокус на различни мускулни групи со секое видео;
  • План на исхрана (микс од најдобрите рецепти на програмите и предизвиците);
  • ФБ група за подршка и најголема мотивација;
  • БОНУС благи рецепти ;)

Цената за оние што ќе си резервираат место сега и ќе се регистрираат во периодот од 5ти-11ти Април: 790 ден.

После 11ти Април, цената ќе биде 1590 денари.

Резервирај си место и прати и го линкот на пријателката. Да играме сите, да играме заедно!

Како започна сѐ...

Сѐ започна со Летниот Предизвик изминатата година.

Кога мислам нови програми, предизвици, проекти... тргнувам со една мисла, а тоа е:

КАКО ДА ГИ ДРЖАМ ДЕВОЈКИТЕ МОТИВИРАНИ ДО КРАЈ?!

Да смислам начин, игра... било што... нешто забавно за сите! Што би можело да е тоа...?! Да има потење, да има вежбање, а да не е досадно и веќе видено?!

Па да бе Ано, Денс Кардио!

Си помислив кога веќе играме, нека биде тоа во Петок! Сите го сакаме денот пред викенд, ќе го сакаме уште повеќе. Бевме во екот на “Корона - Сезона“ па се вклопи одлично.

Жените го обожаваа и стана омилениот ден на предизвикот. Песната што ја играм таму ја нарековме химна на Армијата(SAINt JHN - Roses). Се снимав сама со телефон во дневна соба и до телевизорот дома... Изгледашеее...

Изгледаше лошо реално ама беше слатко и не можеше, а да не го сакаш играњето во Петок.

Реков ова е тоа! Што понатаму?

Започна Летен Предизвик vol.2 , овој пат поспремна и поорганизирана, видеото со денс кардио го снимивме во мало студио, но сепак изгледаше 10 пати подобро од видеото на Летен Предизвик vol.1.

Започнаа пријавувањата за новите програми во Октомври, девојките кои биле дел од предизвиците си ги бараа видеата со играње и во новата програма.

Им ги дадов, а тоа ми беше сигнал дека време е за сериозен следен чекор.

Тука ми се случи Тамара. Тамара е балетски играч, филмски и тв продуцент, а за моја среќа дел од Летните Предизвици. Истата таа Тамара била сведок на сите мои неточни чекори и движења... ама друг пат повеќе за нашата приказна. :))

Тамара е елеганција во движење, а јас бев тука да и го "расипам" секој чекор вметнувајќи Фитнес елементи. Создадовме чудо. Магија. Нешто невидено! Нешто ново и оргинално, а тука се најдовме најмногу.