InstaBOOTY Home

2 х 1200 ден. 2 х 890 ден.

"Кој рече дека резултати се гледаат само во теретана?!"

InstaBOOTY програмата изминативе години ја користат неколку илјади девојки и има докажан ефект. Ја креирав внимателно и специјално за девојки што сакаат да накачат мускулна маса, да го оформат задникот и цело тело. Во неа добиваш:

  • Тренинг програма со ефективни ВИДЕО вежби за дома;
  • Две нивоа на тренинг: За почетници и напредни вежбачи;
  • Економично мени со брзи, вкусни и сезонски рецепти;
  • Пристап до затворена ФБ група;
  • Инструкциони видеа за ПРАВИЛНО изведување на вежбите

РЕГИСТРАЦИИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ! Благодариме за интересот! ❤️

00
Дена
:
 
00
Часа
:
 
00
Минути
:
 
00
Секунди

You missed out!

Твојот тренер

Ана Стојанова

Ниво на јачина

Ниво 1 и 2

Тренинзите во оваа програма се поделени во две нивоа. За почетници и активни вежбачи.

ВРЕМЕТраење на програмата

8 недели + 8 недели гратис пристап

Целата програма (храна и вежби) трае 8 недели. Пристап до материјалите ќе имаш вкупно 16 недели. 

ЦЕЛТА НА ОВАА ПРОГРАМА

Зголемување на
мускулна маса

Основната цел на InstaBOOTY програмата е да ти помогне да зголемиш мускулна маса и да го дефинираш подобро твојот задник. Дополнителна цел: Ова да ти стане начин на живот!

Што добиваш во програмата за дома

КРАТКИ И ЕФИКАСНИ ТРЕНИНЗИ ВО ДВЕ НИВОА

Мисијата на оваа програма беше следна: Кратки тренинзи кои даваат максимален резултат. Така што имаме 2 НИВОА, ЗА ПОЧЕТНИЦИ И АКТИВНИ ВЕЖБАЧИ. Овој пат освен што ќе ме гледаш мене, ќе видиш и уште две девојки во твојата програма. Целта на оваа промена е вежбите да ги приближам уште повеќе до тебе и да вежбаш заедно со Армијата. Вежбаш кога сакаш, каде сакаш. Видеата ти се во твојот профил достапни 24/7 и поделени во денови. Кликаш PLAY и вежбаш. 

МЕНИ СО ВКУСНИ, БРЗИ, ЛЕСНИ 50+ рецепти

Ако по нешто сум препознатлива тоа се брзите и вкусни рецепти. Затоа и овојпат имаме 50+ oд најдобрите, наједноставните за подготовка и највкусните рецепти со лесно достапни продукти прилагодени на сезоната која следи, а и нашиот стандард. Особено мислам дека ќе ти се допаѓа делот: "НАПРАВИ САМА И ЗАШТЕДИ'' (растителни млека, путер, ужини, десерти и слично...)

Приватна ФБ група

“Немам мотивација“ е еден од најчестите одговори кога ќе прашам што те спречува за да ги оствариш твоите фитнес цели. Епа тука доаѓа Армијата на сцена. Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш!

Инструкциони видеа за ПРАВИЛНО изведување на вежбите

Оваа година инвестиравме време, енергија и ресурси да снимиме и инструкциони видеа во коишто ќе можеш да видиш како ПРАВИЛНО се изведуваат вежбите. Ова ќе ти помогне да достигнеш уште подобри резултати, бидејќи техниката на изведување има особена важност. 

Како функционира користењето на програмата

  • Регистрација и уплата
    Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај. 
  • Личен Профил со сите материјали на едно место
    Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.
  • Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)
    Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

Кое е искуството на другите девојки

Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на претходните програми.

Година дена се мислев дали да се пријавам и стварно не згрешив. Ана не е само обичен фитнес тренер - Ана е мој фитнес ГУРУ! Кога ми беше најтешко и мислев да се откажам од приватни причини Ана ми пријде сама, ме ислуша и ми даде сила да не запирам. Тоа исклучително го ценам. ❤️

Марија Јовановска, 24

Се борев со екстра килограми од 2015. Во меѓувреме со бременоста си дојдоа уште мнооогу дополнителни килограми што никако не можев да ги намалам. Пробувам се и сешто, но никако до успех. Ана, мојата кралица се појави и ми ја даде правилната формула за здраво хранење и вежби перфектни за моето тело. Започнав со Ана од 5ти Јули 2020 и еве ме сега- 13 килограми и најсреќна на цел свет.

Бета Бошњак, 33

Ана е еден од најпозитивните и најприземните ликови кои ги имам запознаено. Не само што се грижеше за сите нас како тренер, туку се грижеше и за нашата целосна благосостојба со допир до подлабоки теми. Летниот предизвик беше одлуката која ми ја обележа 2020 година на позитивен начин и дефинитивно продолжувам со неа натамошно да се подобрувам ?

Нена Спасов, 30

2020 ќе ја памтам по Ана! По нејзината животна лекција која несебично ја упатува кон секој што ќе и дозволи!! Бев скептик, но љубопитноста и желбата за брзо слабеење ме натераа да и поверувам! И не погрешив, напротив научив што значи пред се здрав начин на живот, здрав оброк, љубов кон себеси, 15 минути одвоени кон себе за здравје пред се, за изглед и да не зборам!! Верувајте во Ана, таа ќе ве натера и да верувате во себе!!!
Ана е мојата љубов за 2020!

Стефани Стојанович, 28

Ние сме твоја војска, а ти си наш генерал. Многу ми помогна, можам да кажам дека ми смени многу работи во животот ,сакам да продолжам со ова темпо и вечно ќе ти бидам благодарна.

Фатиме Шабедин, 31

Ана ја следев подолго време и навистина мотивираше, но никако да се решев за програмите бидејќи три месеци ми изгледаа многу долго. Кога се појави летен предизвик решив да се пријавам и да истрајам, но со друга цел овој пат, да не биде само слабеење на кратка стаза. Сега одиме на подолги стази 3 месеци со Insta Fit, да стекнеме здрави навики, редовно да вежбаме, здраво да се храниме, за да може кога да посакаме да си дозволиме некое слатко задоволство.

Васе Гиова Дончев, 31

И покрај тоа што се програми за дома, Ана воопшто не направи да се почувствуваме дека сме сами во целиот процес. Многу мотивација, многу енергија и желба за здрава храна. Ова е најдоброто нешто што ми се случило, не само физички, туку и психички, 2020 за мене доби нова димензија.

Силвана Аврамовска, 27

Јас сум медицинска сестра и нонстоп во акција. Ана е најпозитивната,нај не себична да мотивира, помогне,советува и при тоа не бара ништо за возврат, добро бара резултати и трансформација:) Според начинот на живот и динамиката кој го живеам ,Ана е единствената што успеа да ме мотивира и стави во ред .Вежбам редовно и при тоа не изгладнувам а резултатите се видливи.

Убавка Милосављевска, 40

Ана беше мојата “Карма” , од милион фитнес и трењери со кои ми е преполн инстаграмот ја одбрав неа една вечер после полноќ. Зошто? Нејзината упорност и посветеност при враќањето во форма по операцијата. Зошто? Because it was meant to be ? И чудо се случи, за некој што е упорен во вежбањето повеќе од 30 години, најдобрите резултати ги постигна на 50 со Ана. Ана ме научи да јадам и да слабеам ме научи дека можи и да се згреши и да се продолжи Ана е my hero!

Ајнур Абдулоска, 50

Да не постоеше Ана ќе требаше некој да ја измисли некој. Таа ми го промени животот. Не само што се променив физички, со нејзините програми се променив и психолошки емотивно. Се зголеми мојата самодоверба, а на животот, здравите навики во секојдневието како вежбање и исхрана почнав да го гледам со страст.

Марина Мицкова Арсовска, 36

Прашања и одговори

Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.

1. ЗА КАДЕ и ЗА КОГО е Оваа програма?

Оваа програма, директно кажано е за девојки што сакаат да качат мускулна маса и да имаат подобро оформено “бути“. 

Вежбите за оваа програма се направени за тренинг во домашни услови.

2. ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ НОВИТЕ ПРОГРАМИ ОД СТАРИТЕ?!

Овојпат тренинзите се поделени во ДВА левели. За почетници и за напредни вежбачки :)

Исто така, освен мене, во оваа програма ќе гледаш како вежбаат и други девојки од Армијата.

Дополнително, паричниот фонд за награди е поголем (700 евра). Штом заврши 8мата седмица, ќе избираме три најдобри трансформации. Прво место ќе добие 400 евра, второ место 200 евра и трето место 100 евра.

Исто така овојпат, има КОМПЛЕТНО НОВО мени со рецепти што ќе задоволат сечиј вкус. 

Во програмата ќе видиш и комплетно нови инструкциони видеа во коишто ќе ти покажам како ПРАВИЛНО се изведуваат вежбите.

3. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРОГРАМАТА?!

Овојпат програмата ќе трае 8 седмици. Но, пристап до неа ќе имате 16 седмици.

4. КОЛКУ ВРЕМЕ ИМАМ ПРИСТАП ДО ПРОГРамата?!

Пристап до материјалите ќе имаш 16 недели од официјалниот старт.

5. КОГА ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО?!

Пријавувањето започнува на 7ми Февруари, а ќе трае се до 13ти Февруари, за веќе од 14ти Февруари сите девојки да имате пристап до програмата, планот за исхрана и вежби, како и ФБ групата.

6. КОЈА Е ЦЕНАТА ЗА ПРОГРАМАТА?!

Заради ситуацијата во која се наоѓаме, решив и овојпат да ги прилагодам цените и да ги направам програмите достапни речиси за сите. Затоа оваа есен цената за една програма изнесува 2 рати х 890 ден на месец или 1590 денари за еднократна уплата.

7.  ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА УПЛАТАМ ЦЕЛА ПРОГРАМА?

Може. Сите оние кои ќе ја уплатат цела програма наеднаш добиваат и попуст, па цената на цела програма 1590 денари.

8. КАКО МОЖЕ ДА УПЛАТАМ?!

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Уплатата може да се изведе на рати или еднократно. Уплатата на рати е автоматизирана и се изведува на следниот начин:
Рата 1: При регистрација
Рата 2: 30 дена после првата уплата.

Уште еднаш, втората рата ќе биде наплатена автоматски од картичката со којашто е направена првата уплата. После втората рата наплатата запира и повеќе нема да биде користена картичката од системот. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

9. КАКВА Е ИСХРАНАТА ВО ПРОГРАМИТЕ?

Претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' , брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.(Менито не е само за девојки кои сакаат да намалат, туку и оние кои сакаат да накачат мускулна маса).

Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци :)

10. КАКВИ СЕ ВЕЖБИТЕ ВО ПРОГРАМИТЕ?

Веќе спомнав дека програмите се направени во 2 нивоа, па така и секој месец се зголемува интензитетот на вежбите. Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.

Без разлика дали си почетник или веќе тренираш имаме вежби за тебе. Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!

11. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ТРУДНИЦИ?

Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.

12. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ДОИЛКИ?

Нема да скријам дека премногу мајки се веќе дел од моите програми и немаат никаков проблем со доењето, но сепак чуствувам голема одговорност и ќе ве советувам најпрво да се консултирате со лекар пред да започнете со мојата програма.

13. КОЈА Е РАЗЛИКАТА ОД ПРЕДИЗВИК ДО ПРОГРАМА?

Предизвикот е мини водич со далеку поинтензивни вежби од основните програми кои не ги препорачувам да се изведуваат на долг рок, а затоа и се вика предизвик, целта е за еден месец, сите оние кои биле ''заспани'' преку целата година, да го извадат најдоброто за пократок временски период. Добрата страна е дека успеваат во тоа, лошата е дека се што преинтензивно е преризично за долг рок, затоа и трае само 30 дена. Целта со основните програми, покрај исхраната и вежбите, ми е да ве научам ова да ви стане начин на живот. Школото кое ќе го добиете во програмите е нешто што нема да го најдете во ниеден предизвик, затоа се разликува и цената. Целото мое искуство ви го пренесувам преку осум неделните програми.

14. КАКВИ РЕЗУЛТАТИ МОЖАМ ДА ОЧЕКУВАМ ОД ПРОГРАМАТА?

Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк: https://anastojanova.com/rezultati/

15. ОДГОВОРНОСТ

Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://anastojanova.com е само на твоја, сопствена отговорност.

Имаш прашање?

Пополни ја формата подолу и пиши ми :)