ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

InstaFIT и InstaBOOTY 

новите програми за дома

1. ЗА КАДЕ и ЗА КОГО се наменети новите програми?


Оваа година можам да кажам дека се здобив со огромно искуство од последните два предизвика, затоа се решив овој пат да се фокусирам само на програмите за ДОМА. За да се изготви една добра програма треба време, а моето е лимитирано. Па си го помислив следново: Не знаеме што не чека од есен и каква ќе биде ситуцијата со вирусот, зошто тогаш не го насочам моето знаење кон програмите за дома и да ги направам најдобри до сега?! Тоа и се случи, а и искуството си го направи своето.


Новите ДВЕ програми за ДОМА се за сите девојки кои имаат проблем со килограмите и сакаат да ослабат и за оние кои сакаат да накачат мускулна маса или како што ние знаеме да си кажеме помеѓу нас ,, да си го оформиме бутито'' :))


2. Вежбам во теретана, а не дома, дали можам да се приклучам на старата програма?!


Девојките кои редовно се пријавуваат на секоја моја нова програма се мои најголеми сведоци за тоа како секоја година правам подобри планови, од вежби до храна. Квалитетот кој го понудив во последниот предизвик vol.2 не може ни од далеку да се спореди со програмите од лани. Очекувам голем дел од тие девојки да се приклучат и сега. Што ако се одлучат за програма за во теретана и добијат помалку од што очекувале?! Од таа причина ќе морам да ти кажам НЕ, но знај дека во моментот кога ќе видиш дека имам програми и за теретана, ќе знаеш дека е нешто најдобро од мене.


3. ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ НОВИТЕ ПРОГРАМИ ОД СТАРИТЕ?!


По се! Сакам со едно отварање на уста да ти ги изнакажам сите новости! :)) Предизвикот ми е најголемо школо до сега. Ја имам формулата за успех и никогаш не сум била посигурна во себе. Ќе почнам од храната. Секој месец ќе има ново мени, тоа е нешто поразлично од лани, каде имаше  понудени опции па сами си одбиравте комбинации. Седум дневното мени се покажа на предизвикот како нешто што функционира. Вежбите се поделени по левели(1-3). Секој левел, покрај тоа што ќе те враќа во форма, ќе те учи како да го засакаш вежбањето и да стане твое секојдневие. Со Левел 1 ќе се научиш на ДИСЦИПЛИНА, Левел 2 е тука за да го засакаш процесот и те учи на ТРПЕЛИВОСТ, да сфатиш дека за секоја промена треба време за на крај да кажеш дека без КОНТИНУИТЕТ не ќе стигнеше до целта, а тоа е она за кое те спрема Левел 3 во програмата.


4. Велиш дека Левел 1,2 и 3 ќе ме научат на дисциплина, трпеливост и континуитет. Како?!


Ако нешто добро познавам, тоа е женското тело и како тоа функционира. И не, не мислам само за делот со вежби и храна, мојата мисија беше невозможното, а тоа е: ДА ЈА РАЗБЕРАМ СЕКОЈА ЖЕНСКА ГЛАВА. После илјадници разговори, трансформации, групи, прашања, анализирања станав поглем психолог, отколку тренер, а верувам и затоа сме најголемата и најуспешната женска група во Македонија. Успеав да ја решам загатката и пак ќе спомнам дека летниот предизвик е најзаслужен за тоа. Затоа во овие програми, направив модел кој го поделив во три Левела, па преку вежбите и исхраната сакам да ги научам девојките на дисциплина(ЛЕВЕЛ 1), трпеливост(ЛЕВЕЛ 2) и континуитет (ЛЕВЕЛ 3).


5. Од што се состои ЛЕВЕЛ 1 (Дисциплина)?!


Во првиот месец или Левел 1 сакам да им покажам на девојките дека вежбањето не е најтешката работа во светот. Сакам да знаат дека и со 10 минутен тренинг и балансирана исхрана, може да имаат резултати (и тоа големи). Мојата цел е поголема, правам програми кои ти создаваат навики за да го засакаш вежбањето, да сфатиш дека си била во заблуда и да ти е криво зошто не си почнала порано. Инспирирана од девојките, со огромна желба за масовни промени ги создадов и имињата на тренинзите во првиот месец.


- Тренинг 1- Јас сум БЛАГОДАРНА.

- Тренинг 2- Јас сум СИЛНА.

- Тренинг 3- Јас сум ЉУБОВ.

- Тренинг 4- Јас сум ХРАБРА.

- Тренинг 5- Јас сум ФЛЕКСИБИЛНА.

- Тренинг 6- Јас сум САМОУВЕРЕНА.

- Ден за одмор или Јас сум ТРПЕЛИВА.


Примети дека во првиот месец ќе имаш шест тренинзи неделно и веднаш ќе реагираш ,,Ама тоа е многу, јас немам време!''. Верувај дека мислев и на тоа, затоа секој тренинг го направив да биде краток од по 10 минути. Во првиот месец како што кажав те учам на ДИСЦИПЛИНА. Сакам да се појавиш на тренинг и да создадеш навика, а добро знаеме дека за да нешто ни стане навика потребни се 21 ден. Ги имаме! И повеќе! Затоа знам дека ќе успееме! Секој тренинг е приказна за себе и носи некоја порака. Покажи дека си карактер, издржи! Само појави се.


6. Од што се состои ЛЕВЕЛ 2 (Истрајност)?!


Ако во Левел 1 сакавме да се научиш на дисциплина во светот на вежбањето и балансираната исхрана, во овој месец ја тестираме твојата истрајност. Сите се возбудени и загреани во првиот месец, но ајде да зборуваме за овој, ,,потешкиот'', а според мене и најбитниот месец. Се е лесно и интересно додека не сфатиш дека треба да го правиш секој ден и тука настанува проблем. Епа ајде? Како да го решиме?! 

Не се секирај, мама Ана за женска глава е тука! :)) Во овој месец имаш целосно ново мени и нови подинамични вежби кои ќе те држат будни. Кога е се ново одма е поинтересно и тоа како влијае на мотивацијата! Прво, мило ни е што ќе не дружиш и во овој месец ти доделуваме диплома за ДИСЦИПЛИНА. Затоа во овој месец ќе имаш пет тренинзи, исто кратки, од по некои 15 минути! Ќе ти биде песна! Во меѓувреме знаеш дека сме 24/7 активни и на ФБ, а според моите последни анализи, таму се црпи цела мотивација!


7. Од што се состои ЛЕВЕЛ 3 (Континуитет)?!


Колку и да мразам да цитирам нешто што е клише, да си признаеме длабоко во нас дека се е така како што викаат! Потребни се четири недели сама да ја почувствуваш промената, осум недели да забележат твоите пријатели и дванаесет недели да примети и остатокот од светот! И никогаш не сум се сложила повеќе! Јас ќе додадам само за да се случат овие дванаесет недели, потребен е само ЕДЕН ДЕН, а тоа е денот кога ќе се одлучиш да започнеш со оваа програма, за останато се погрижив јас! 

Го помина Левел 2, а тоа заслужува голем аплауз и награда! Секако дека ќе се наградуваме меѓу себе, тоа е дел од овој план за да издржиме до крај! Во месец три бројот на тренинзи повторно се намалува, четири динамични тренинзи повеќе од доволни за да те однесат до целта. Исто со исхраната и новото седумдневно мени , таму се и се доста трпеливи за тебе! Се е спремно само се чека твоето СУДБОНОСНО ДА и влегувам во ова 120%(знам да бидам драматична ама ова е чекор што менува живот!) :))


9. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ЕДНА ПРОГРАМА?!


Една професионално подготвена програма со план за исхрана и вежби трае 12 недели или 3 месеци.


10. КОЛКУ ВРЕМЕ ИМАМ ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ?!


Сите девојки кои ќе се приклучат на програмите ќе имаат пристап од шест месеци од денот на уплатата.


11.КОГА ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО?!


Пријавувањето започнува на 9ти Ноември, а ќе трае се до 15ти Ноември, за веќе од 16ти сите девојки да имате пристап до програмата, планот за исхрана и вежби, како и ФБ групата. За да го направиш плаќањето ќе добиеш насоки и линк на 8ми Ноември 23:59ч. преку емаил.


12. КОЈА Е ЦЕНАТА ЗА ПРОГРАМАТА?!


Заради ситуацијата во која се наоѓаме, сфатив дека треба да ги прилагодам и цените и да ги направам програмите достапни речиси за сите. Затоа оваа есен цената за една програма изнесува 3рати х 890 ден на месец (за разлика од лани каде цената за еден месец беше 1200 ден или 3600 ден цела програма).


13. ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА УПЛАТАМ ЦЕЛА ПРОГРАМА?


Може. Сите оние кои ќе ја уплатат цела програма наеднаш добиваат и попуст, па цената на цела програма изнесува 2500 ден.


14. КАКО МОЖЕ ДА УПЛАТАМ?!


Уплатата се врши Онлајн со картичка преку сајтот www.anastojanova.com. За да го направиш плаќањето ќе добиеш насоки и линк на 8ми Ноември 23:59ч преку емаил. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.


15. КАКВА Е ИСХРАНАТА ВО ПРОГРАМИТЕ?


Претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' , брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.(Менито не е само за девојки кои сакаат да намалат, туку и оние кои сакаат да накачат мускулна маса).


Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци :)


16. КАКВИ СЕ ВЕЖБИТЕ ВО ПРОГРАМИТЕ?


Веќе спомнав дека програмите се направени по Левели(1-3), па така и секој месец се зголемува интензитетот на вежбите. Вежбите се предвидени да се прават без опрема. Дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара. Без разлика дали си почетник или веќе тренираш сите започнуваме од Левел 1(но можеш да корситиш тег, лепенки за нозе, ластик и слично за поголем отпор и да се прилагодиш според тебе). Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!


17. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ТРУДНИЦИ?


Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми не се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.


18. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ДОИЛКИ?


Нема да скријам дека премногу мајки се веќе дел од моите програми и немаат никаков проблем со доењето, но сепак чуствувам голема одговорност и ќе ве советувам најпрво да се консултирате со лекар пред да започнете со мојата програма.


19. КОЈА Е РАЗЛИКАТА ОД ПРЕДИЗВИК ДО ПРОГРАМА?


Предизвикот е мини програма со далеку поинтензивни вежби од основните програми кои не ги препорачувам да се изведуваат на долг рок, а затоа и се вика предизвик, целта е за еден месец, сите оние кои биле ''заспани'' преку целата година, да го извадат најдоброто за пократок временски период. Добрата страна е дека успеваат во тоа, лошата е дека се што преинтензивно е преризично за долг рок, затоа и трае само 30 дена. Целта со основните програми, покрај исхраната и вежбите, ми е да ве научам ова да ви стане начин на живот. Школото кое ќе го добиете во програмите е нешто што нема да го најдете во ниеден предизвик, затоа се разликува и цената. Целото мое искуство ви го пренесувам преку дванаесет неделните програми.


20. КАКВИ РЕЗУЛТАТИ МОЖАМ ДА ОЧЕКУВАМ ОД ПРОГРАМАТА?


Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми.

Ана Стојанова | www.anastojanova.com | Сите права се задржани.
Изгледаш прекрасно денес ❤️