ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Корисниците се должни внимателно да ја прочитаат оваа Политика за приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информациите што ги собира веб страната anastojanova.com.

Со пристапот или користењето на оваа веб-страница, корисникот потврдува дека е согласен со условите и начинот на користење на Политиката за приватност. 

Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб страницата anastojanova.com и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на anastojanova.com е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност

Собирање на лични податоци од корисникот

При посета на веб – страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страницата (креирање на Ваш профил и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземете било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.

При Ваша регистрација на веб страната и креирање на Ва профил, anastojanova.com ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Вашето име и презиме
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Е-пошта

При користење на услугата On-line купување, anastojanova.com ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Вашето име и презиме
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Е-пошта

При користење на услугата Рефундирање на средства, anastojanova.com ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име и презиме
  • информации за Вашата трансакциска сметка

Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.

За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

anastojanova.com ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени, како што се:

  • овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
  • администрирање на содржината, промоциите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
  • навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг);
  • за реализација на on-line нарачките на интернет страницата anastojanova.com  (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
  • за рефундирање на средства;
  • за контакт по пат на електронска пошта;

Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци. 

Дополнително, anastojanova.com применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка. 

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои anastojanova.com  има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, anastojanova.com  ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса за”, и дополнително имате право да ја дадете својата согласност да добивате новости. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. 

Заштита на личните податоци

anastojanova.com презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соофветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Целокупната документација за софтверските програми за обработка на лините податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласнот со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на лични податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации.

Вашите права во врска со политиката за заштита на лични податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

Измена на Политика за приватност

Оваа Политика за приватност може да биде изменета и дополнета согласно законските измени и промените во начите активности во било кое време.  Измените ќе бидат објавени во текстот во Политиката за приватност на оваа веб-страница и  влегуваат во сила веднаш по нивното објавување.

Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Контакт за сите барања и предлози: help @ anastojanova.com.