
Summer Challenge 2021 Vol. 2
1290 690 ден.
Дали си подготвена за ВТОР забавен, емотивен и ефективен фитнес предизвик што ќе ти помогне да влезеш во ФИТ форма за 4 недели? Ако одговорот е да, кликни на копчето подолу и придружи ни се! Еве што ќе има во овој предизвик: Динамични ВИДЕО вежби за дома или во природа
Два левела на тренинг : За почетници и напредни вежбачи
Вртоглаво вкусни и брзи рецепти
Освежителни пијалоци и летни коктели
Едноставни, здрави десерти
Овојпат Summer Challenge vol.2 ја носи најдобрата трансформација до Занзибар заедно со @jungletribemkd и @turkishairlines !
+ Парични награди и продукти за најголемите трансформации.
Уплатата за овој предизвик е затворена!
Твојот тренер
Ана Стојанова
ЗОШТО SUMMER CHALLENGE 2021?
Брзина + Ефикасност
Овој летен предизвик е осмислен да ти помогне побрзо да се придвижиш кон постигнување на твојата цел - на правилен начин!
ВРЕМЕТраење на ПРЕДИЗВИК
2 месеци
Предизвикот ќе трае 4 недели. Пристап до материјалите ќе имаш 8 недели (2 месеци).
ЦЕЛТА НА ОВОЈ ПРЕДИЗВИК
Да видиш дека можеш!
Со летниот предизвик во 2020та започнавме една нова приказна. Приказна за девојки што претходно мислеле дека нема да можат и дека се сами. Придружи ни се за да го видиш дека можеш!
Што добиваш во предизвикот?
два левела со Динамични ВИДЕО вежби за дома
Тренинзите се поделени во ДВА ЛЕВЕЛИ: Имаме вежби за почетници, но и тренинзи за напредни вежбачки кои дооолго време се дел од Армијата! Пред да започнеш со вежбање во Летниот Предизвик за тебе подготвив ФИТ ТЕСТ. Целта е да го направиш овој тест и резултатите од тестот ќе ти кажат за кое ниво си (1 или 2). Без разлика кое ниво си според тестот, ти ќе имаш пристап до двата левела. Така ќе можеш да си комбинираш доколку некогаш ти дојде тешко или лесно. Тренинзите се кратки, до 15тина минути, а тоа значи дека повеќе НЕМА изговори и НЕМА “немам време” - вади се со нешто друго.
ЦЕЛОСНО ПЛАТЕНО ПАТУВАЊЕ ДО ЗАНЗИБАР, ПАРИЧНИ НАГРАДИ + продукти за најголемите трансформации
Овојпат Summer Challenge vol.2 ја носи најдобрата трансформација до Занзибар заедно со @jungletribemkd и @turkishairlines ! , дополнително, ќе имаме и парични награди + продукти за најдобрите трансформации. Гласањето за најдобра трансформација ќе се прави само помеѓу девојките што учествуваат на предизвикот. Дополнително ќе има и продукти како награди за дополнителни трансформации или успеси.

План на исхрана Со Вртоглаво вкусни и брзи рецепти + БОНУС: Едноставни, здрави десерти
Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НОВИ рецепти. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто :) Како БОНУС, ќе додадам и здрави десерти што ќе бидат едноставни за подготовка.

НОВО: Освежителни пијалоци и летни коктели
Летото доаѓа. За да можеш максимално да го уживаш, овојпат ќе додадам освежителни, здрави летни пијалаци коишто ќе можеш да ги консумираш БЕЗ вина. Помалку калории, повеќе наздравици и летни забави во фит форма!

ФБ група за подршка и најголема мотивација
Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.
Кое е искуството на другите девојки
Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на летните предизвици во 2020та.

Бев дел само од вториот летен предизвик во 2020 година, бидејќи доцна дознав за првиот ?. Моето искуство е минус 8 кг, многу во обем и голема промена на метаболизмот (во позитивна смисла нормално ?). Од тој предизвик и ден денес сум со Ана ? и нема шанси да прекинам. Еден совет од мене: Приклучувајте се на сите предизвици/програми кај Ана, бидејќи несмее таква шанса да се пропушти! Таа го менува погледот кон исхрана, тренинзи, ги менува навиките во животот..... ТАА го менува ЖИВОТОТ!???

Сликите зборуваат се ? пред се самиот изглед ми се смени за 360 во текот на оваа година, а позитивната енергија, самодовербата и уште многу други бенефити од овој предизвик се плус, што не се опишуваат туку едноставно потребно е да се искусат на сопствена кожа ?

Предизвиците во 2020 ми го променија начинот на живот, и психички и физички. Лесни и превкусни рецепти, да ја засакаш здравата храна и повеќе да не помислиш на нездрава храна. Енергија до плафон, посилна и поздрава. За човек што воопшто немал физичка активност, предизвиците ме преродија. Го препорачувам на секој, не само на оние кои имаат вишок килограми, туку и на секој што сака да се чувствува и изгледа убаво.

Летниот предизвик беше едно од моите најубави искуства во животот. Мотивираност,енергија,дружба,поддршка и секако неизбежни резултати.Армија од жени сплотени ко едно,љубов која ќе остане за цел живот ❤

Од самиот почеток бев дел од овој најубав тим напред со нашата незаменлива Ана ❤ Благодарение на предизвиците со целокупната екипа и избор на вежби и храна успеав да мојата линија ја доведам до она совршенство кое не ти дозволува да се одлепиш од огледало. Благодарение на оваа промена сега сум во 8от месец од бременоста и го чекам новиот живот со новата улога во него. Па здравје од есен се враќаме со полна пареа ❤❤❤ Благодарам Ана ???

Летен предизвик ќе го памтам засекогаш ? За прв пат најадена, среќна и задоволна слабеев и ослабев 10кг и мноогу во обем. Од летен предизвик почна патувањето со Ана и сеуште трае ?

Навистина, предизвикот е одличен. Дава енергија, позитива, насмевки. Имај мотивација-доаѓа лето! ☀

Лично сум презадоволна! ^^ Бев скептик кога се пријавив ама никогаш до сега не сум успеала да го намалам така стомакот колку за време на предизвикот. Храната е доста пристапна и разновидна. Многу ми се допаднаа рецептите, здрави а вкусни и си пишува на секој рецепт детално како се прави што е супер...а вежбите пак кратко траат ама се многу ефикасни.

Супер програми. Со Анна сум

Летниот предизвик беше нешто по што ќе ја памтам 2020! Доказ дека за само 4 недели може да се доведеш во ТОП форма, со истрајност, дисциплина и решителност!
Храна во изобилие, интересни вежби, и програма што ниту за готвење, ниту за вежбање не одзема многу време! Едвај го чекам новиот предизвик да си зГАЗам во стилот на Ана ??❤

Со Ана сум од летниот предизвик 2020,еве веќе скоро цела година и да ви кажам не планирам да се откажам ,затоа што ми е многу убаво☺ Летниот предизвик за мене имаше голем пресврт,го смени мојот начин на исхрана и мојот начин на живот а паралелно со тоа го смени и моето тело во кое се чувствувам многу убаво и енергично ? Ја обожавам Ана ??

Програмите на Ана се врв! Ем си кркаш ем слабееш, не ти треба да двоиш саати за вежбање а пак се препотуваш до максимум. За многу брзо време можеш да постигнеш многу добри резултати, но ако правилно се придружуваш на програмата. Резултатите се одма видливи, се чуствуваш по енергичен и свеж.Врв врв??

Во летниот предизвик 2020 изгубив: 4кг, 12цм струк, 10цм колк, 3,5цм задник...но, и добив голема самодоверба, го променив начинот на исхрана и научив како да ја одржувам својата линија. Топло го препорачувам... за кратко време до резултати и до нова страница од нашиот живот!!! “Летен Предизвик 2021” со душа де чекам ❤

Моето искуство во летниот предизвик е фантастично....прекрасна летна исхрана со која се чувствував сито и ослабено без гладување ? Вежбите исто така беа одлични и ја постигнав својата цел за килограми и фигура ?

Bi sakala da spodelam mnogu
Za site novi devojki bi
Ke ve boli moze se ama ke se
<3

Со програмите на Ана? Шта речи?
Си јадеш, си пиеш се по список и си добиваш тело од соништата. Секако со дисциплина и голема желба. Иии секако без изговори.
Бев и на летен предизвик 2020 и летен предизвик вол.2 2020, презадоволна сум бидејќи за толко кратко време(4 недели/28дена) се намалува премногу во обем, и си добиваш тело само за на плажа. ?

Тоа што се приклучив на Летниот Предизвик 2020та беше најдобрата одлука која ми го промени животот,добив многу повеќе од тоа што очекував, не добив само физичка промена туку и психичка, добив подобрување на здравјето, самодовербата, добив огромна армија на жени кои се тука за мене постојано на чело со Ана која е лидер за пример, посветена максимално. Добив нови пријателства,можам да ја кажам нова фамилија која несебично се грижи една за друга. Со Ана си ја постигнав целта и се пронајдов себеси ❤

Позитивно, е првото нешто што ми поминува низ глава после летниот предизвик 2020!
Вежбите впрочем беа средно ниво на тежина а доста ефективни,што значи после првата недела мислам дека секој може да ги издржи до крај.Но она што мене најмногу ме кочеше пред да почнам со летниот предизвик беше исхраната.Разновидноста на исхраната која беше и лесна за спремање сеуште е во мојот начин на исхрана и за тоа сум многу благодарна! Топ програма со одличната Ана! Вреди да се проба!

До сега сум била на многу нуционисти и на многу диети и се бесе јојо ефект .со Ана се е прекрасно и храна и вежби и не се врака изгубената килаза и ја препорач на сите од срце ❤❤❤

Летниот предизвик 2020 засекогаш ќе ми остане во срце како најдобрата одлука што сум ја направила за себе и своето здравје. Но, покрај слабеењето и промената на телото и умот, не бев ни свесна, а добив еден куп нови познанства и вистински пријателства кои ќе ми останат засекогаш! Потребна беше само решителност за да почнам, планот на Ана е совршен и го препорачувам буквално на секоја девојка, направете нешто за себе, за возврат ќе добиете еден тон мотивација и безрезервна поддршка од сите нас ?

За време на почетокот на пандемијава, страшно се поправи, масни наслаги еден куп, никаква активност за вежбач како мене активен 6 години. Ана ми дојде како нарачана на инстаграм со првиот предизвик.
Огромна благодарност! Oд тогаш сум со Ана и нејзините предизвици, ластици, се што ќе излезе ново од неа.
Веќе и друго од исхрана ме можам ни да јадам, здраво се храниме, убаво се дружиме, вежбаме и за живо чудо во ова време невреме сме позитивни.
Се гледаме на летниот предизвик.
Сакањеее од Соња ❤️

Предизвиците ми го променија начинот на живот на најдобро. Се случи огромна промена за краток период. Бев воодушевена. Вежбите беа ситни ама динамитни. За храната немам коментар, слабееме најадени па дури и прејадени. Секојдневна мотивација од девојките во групата и од Ана пред секое видео за вежби. Од тогаш не пропуштам ни предизвик ни програма од Ана. Без двоумење одиме јако на новиов Летен Предизвик.♥??

Со килограми претходно немав никаков проблем,меѓутоа со бременоста си дојдоа уште мноогу дополнителни килограми што никако не можев да ги намалам.Случајно ми излезе Ана на инстаграм и ми ја даде правилната формула за здраво хранење и вежби перфектни за моето тело. Започнав со Ана од 5ти Јули 2020 и еве ме сега - 30 килограми и вратена во нормала уште пред бременост.

ЛП2020 вол.1 беше најбрзата и најдобрата одлука во мојот живот. Од 66кг па се до крајот на ЛП2020 вол.2 стигнав до посакуваната цел на 54кг. Најголемата мотивација во оваа борба против килограмите ми беше армијата т.е девојките од предизвикот кои во фб групата постојано пишуваа кој што зготвил, кој како извежбал и секако Ана од која научив дека и кога јадеме можеме да ослабиме.?❤? Ииии омилениот појадок кој засекогаш ќе остане на моето мени банана омлет, здрава ? верзија.

Здраво :)
Моето најубаво искуство е од ланскиот предизвик кога ја пронајдов Ана :) Ја пронајдов случајно на инстаграм и почнав да гледам нејзини трансформации на програми и предизвици.. Се пријавив и така започна се, мојата завист да сум на програмите на Ана? Изгубив 10кг за само 3 недели, не ми се веруваше,како магија?Самодовербата ми се врати, почнав да се сакам пред огледалото,сфатив дека ова е мојот начин на здрава исхрана и дека цел мој живот ќе бидам на програмите на Ана.

Пред се беше многу забавно да се биде дел од тимот на Ана , исхрана доволно за да бидеш сита а притоа да слабееш, иако никогаш не си вежбала целиот овој процес ќе те вовлекува се повеќе и повеќе да облечеш патиките и да почнеш па затоа спремај патиките и не се мисли одбројуваме ?️♀️?️♀️?️♀️

Програмата за летниот

Па јас вака би кажала предобра мотивација. Одлични рецепти, вежбањето супер. Кој не се пријавил да се пријави.Ижа убави резултати кај сите. Моја топла препорака. Ана е топ. ??

Секогаш се соочував со

Јас сум презадоволна, ослабев - 5 kg за 1 месец притоа не чувствував глад, туку спротивното бев најадена и полна со енергија. Ова година ќе се пријавам пак(веќе си резервирав место). Пријавете се, верувајте нема да се каете ?❤

Доколку се придржуваш до исхраната и вежбите имаш загарантирани резултати. Баш поради тоа сум веќе една година пријавена на сите можни програми и челинџи на Ана едниставно тоа е дел од моето секојдневие ми створи една убава и здрава навика. ??

Летен предизвик :
- научив да се хранам здраво
- лебот го заменив со тонус
- вежбите беа динамични
- во обем симнати многу сантиметри
- мотивацијата во групата на големо ниво
Овој предизвик ми беше почеток на моето здраво живеење. Од тогаш до денес на сите програми кај Ана сум ?

Моето лично искуство од

Летен предизвик 2020-нешто кое ќе го паметам засекогаш. многуууу задоволна!!! Видливи резултати како никогаш претходно! (Немаше човек што ме виде и не рече дека сум ослабена?) За 4 недели со ниеден пропуштен тренинг, 2-3 cheat meals(и по една чаша вино за викенд) резултатите беа и повеќе од очигледни, ии шо е најважно никогаш не бев гладна. Секогаш полн стомак со прееевкусни јадења. Без двоумење- летен предизвик 2021 е наааајдобриот избор.
Ана Стојанова е THE BEST!!❤❤❤???

Да бидам искрена, пред да се
Јадењето во менито беше
Го постигнав посакуваниот

Минатиот летен предизвик предобар. Одличен. Го препорачувам за сите девојки од лично искуство за 4 недели максимално топење лично јас 8 кг да не зборам за тоа колку вкусни оброци и ужини има . Екстра. Браво за Ана.??? Едвај чекам да почнеме.

? Се почна како на шала! ? Се сеќавам бев на работа, на инстаграм ми излезе дека Ана ќе прави летен предизвик и си реков ајде да пробам... Бев воодушевена од сите вежби а највеќе од исхраната... Бидејќи слабеевме најадени дури и прејадени ?Бевме една армија на жени кои меѓусебно се поддржуваа и восхитуваа на секоја направена работа... На сите би препорачала да пробаа и да се увида дека не е само ајде ќе гладувам и ќе ослабам... Ана е тука за да ви го докаже сосема спротивното ??

Благодарение на Ана успеав во

Јас бев дел од летниот предизвик со Ана во 2020 година и бев презадоволна од резулататите, исхраната, постојаната комуникација и подршката во ФБ групата. На почетокот се чудев како на толку јадење ќе се ослбне но првиот месец ослабнав 5 кг а следните два уште 6 ?. Сега повторно ќе бидам дел од летниот предизвик 2021 година и искрено оддвај чекам да почнеме. Секој што сака да ослабне и да оформи тело обавезно да се обрати кај Ана - she is the queen ? ❤

Се мислев дали да почнам со предизвикот на Ана, бев несигурна во себе си викав за џабе ќе плаќам а знам дека нема да можам да издржам ниту една недела,па и пишав на Ана и таа ми даде мотивација и си реков го можеш ти тоа,ќе успееш имај верба во себе и се приклучив на предизвикот.Почетокот секогаш е тежок,но после се идеше многу лесно.И за 1 месец бев-10 кг.И јас бев презадоволна.Јас што бев зависна од храна,што јадев 24/7,што немав никаква желба за вежбање успеав.Штом јас успеав-ќе успееш и ти.

После долго мислење од година дена се пријавив на летниот предизвик и беше буквално предизвик за умот и телото. Предобри резултати, топење на мастите (Ана во буквална смисла маста ни ја извади?) и превкусна храна без гладување.

Прекрасно искуство. Никогаш
Прашања и одговори
Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.
Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат.
Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@anastojanova.com и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата.
Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.
Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@anastojanova.com и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата. Ова нема да биде поврзано со предизвикот, но ќе ти помогне да ја постигнеш твојата цел.
Станав претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка'', ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Во моментов работам на исхраната во предизвикот и нормално дека ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци :)
Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина.
Да. Тренинзите се поделени во ДВА ЛЕВЕЛИ, а еве што значи тоа:
Имаме вежби за почетници, но и тренинзи за напредни вежбачки кои дооолго време се дел од Армијата!
Пред да започнеш со вежбање во Летниот Предизвик за тебе подготвив ФИТ ТЕСТ. Целта е да го направиш овој тест и резултатите од тестот ќе ти кажат за кое ниво си (1 или 2).
Фит тестот ќе го имаш во материјалите на твојот профил. (доколку си прв пат со нас ќе видиш дека штом уплатиш, добиваш твој профил каде што ќе ти бидат сите видеа и материјали.)
Без разлика кое ниво си според тестот, ти ќе имаш пристап до двата левела. Така ќе можеш да си комбинираш доколку некогаш ти дојде тешко или лесно.
Тренинзите се кратки, до 15тина минути, а тоа значи дека повеќе НЕМА изговори и НЕМА “немам време” - вади се со нешто друго.
Предизвикот ќе трае еден месец.
Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.
За овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик.
Пријавувањето започнува на 28ми Јуни во 00:01ч. и ќе биде отворено до 4ти Јули 23:59ч.
Пристап до материјалите ќе имаш вкупно 2 месеци. Доколку го купиш и првиот предизвик, ќе имаш пристап до Септември.
Официјалната цена и вредност на овој предизвик е 1290 денари. За сите што ќе си резервираат место и уплатат ПРЕД 5ти Јули, 2021 година, цената ќе биде 690 денари.
Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.
Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.
Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на help@anastojanova.com и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.а
КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
Имате вежби за 5 дена во неделата.
ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
Може да се учествува од 16 годишна возраст.
ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?
Не, нема да биде потребна опрема или реквизити.
ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.
ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
Да, ќе има вежби и за задникот.
Овој предизвик не е за трудници или тазе мајки.
Имаш прашање?
Пополни ја формата подолу и пиши ми :)