Summer Challenge 2021

1290 690 ден.

Дали си подготвена за забавен, емотивен и ефективен фитнес предизвик што ќе ти помогне да влезеш во ФИТ форма за 4 недели? Ако одговорот е да, кликни на копчето подолу и придружи ни се! Еве што ќе има во овој предизвик:

??‍♂️ Динамични ВИДЕО вежби за дома или во природа

?? Два левела на тренинг : За почетници и напредни вежбачи

? Вртоглаво вкусни и брзи рецепти

? Освежителни пијалоци и летни коктели

? Едноставни, здрави десерти

? Паричен фонд од 500 евра и продукти за најголемите трансформации

* Регистрацијата за овој предизвик е ЗАТВОРЕНА. Внеси го твоето име и емаил подолу за да те известиме доколку има ново отварање

Твојот тренер

Ана Стојанова

ЗОШТО SUMMER CHALLENGE 2021?

Брзина + Ефикасност

Овој летен предизвик е осмислен да ти помогне побрзо да се придвижиш кон постигнување на твојата цел - на правилен начин!

ВРЕМЕТраење на ПРЕДИЗВИК

2 месеци

Предизвикот ќе трае 4 недели. Пристап до материјалите ќе имаш 8 недели (2 месеци).

ЦЕЛТА НА ОВОЈ ПРЕДИЗВИК

Да видиш дека можеш!

Со летниот предизвик во 2020та започнавме една нова приказна. Приказна за девојки што претходно мислеле дека нема да можат и дека се сами. Придружи ни се за да го видиш дека можеш!  

Што добиваш во предизвикот?

два левела со Динамични ВИДЕО вежби за дома 

Тренинзите се поделени во ДВА ЛЕВЕЛИ: Имаме вежби за почетници, но и тренинзи за напредни вежбачки кои дооолго време се дел од Армијата! Пред да започнеш со вежбање во Летниот Предизвик за тебе подготвив ФИТ ТЕСТ. Целта е да го направиш овој тест и резултатите од тестот ќе ти кажат за кое ниво си (1 или 2). Без разлика кое ниво си според тестот, ти ќе имаш пристап до двата левела. Така ќе можеш да си комбинираш доколку некогаш ти дојде тешко или лесно. Тренинзите се кратки, до 15тина минути, а тоа значи дека повеќе НЕМА изговори и НЕМА “немам време” - вади се со нешто друго.

Паричен фонд од 500 евра и продукти за најголемите трансформации

За уште поголема мотивација и забава, во овој предизвик ќе имаме паричен фонд од 500 евра што ќе биде разделен на: 300 евра за најдобрата трансформација, 200 за второ место и 100 за трето место. Гласањето за најдобра трансформација ќе се прави само помеѓу девојките што учествуваат на предизвикот. Дополнително ќе има и продукти како награди за дополнителни трансформации или успеси. 

План на исхрана Со Вртоглаво вкусни и брзи рецепти + БОНУС: Едноставни, здрави десерти

Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НОВИ рецепти. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто :) Како БОНУС, ќе додадам и здрави десерти што ќе бидат едноставни за подготовка.

НОВО: Освежителни пијалоци и летни коктели

Летото доаѓа. За да можеш максимално да го уживаш, овојпат ќе додадам освежителни, здрави летни пијалаци коишто ќе можеш да ги консумираш БЕЗ вина. Помалку калории, повеќе наздравици и летни забави во фит форма!

ФБ група за подршка и најголема мотивација

Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.

Кое е искуството на другите девојки

Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на летните предизвици во 2020та.

profile-pic
Ива Никодиновска

Јас бев дел од летниот предизвик со Ана во 2020 година и бев презадоволна од резулататите, исхраната, постојаната комуникација и подршката во ФБ групата. На почетокот се чудев како на толку јадење ќе се ослбне но првиот месец ослабнав 5 кг а следните два уште 6 ?. Сега повторно ќе бидам дел од летниот предизвик 2021 година и искрено оддвај чекам да почнеме. Секој што сака да ослабне и да оформи тело обавезно да се обрати кај Ана - she is the queen ? ❤

profile-pic
Мартина Јолева

Моето лично искуство од Летниот предизвик беше едно од најдоброто нешто што ми се случи во 2020 година. Ми помигна да ги поминам побрзо деновите кога беше се затворено. Како физички така и психички се чувствував изполнето научив да не се грижам премногу и да верувам во себе, да се сакам, да се почитувам таква каква што сум, а не каква другите сакаат да бидам. Не се покајав ни малку што се пријавив, горда сум што бев дел од Армијата на Ана и уште сум дел од неа. Поздрав.

profile-pic
Елена Спасовска

Тоа што се приклучив на Летниот Предизвик 2020та беше најдобрата одлука која ми го промени животот,добив многу повеќе од тоа што очекував, не добив само физичка промена туку и психичка, добив подобрување на здравјето, самодовербата, добив огромна армија на жени кои се тука за мене постојано на чело со Ана која е лидер за пример, посветена максимално. Добив нови пријателства,можам да ја кажам нова фамилија која несебично се грижи една за друга. Со Ана си ја постигнав целта и се пронајдов себеси ❤

profile-pic
Ивана Ресник

Летен предизвик :
- научив да се хранам здраво
- лебот го заменив со тонус
- вежбите беа динамични
- во обем симнати многу сантиметри
- мотивацијата во групата на големо ниво
Овој предизвик ми беше почеток на моето здраво живеење. Од тогаш до денес на сите програми кај Ана сум ?

profile-pic
Александра Јакимова

Сликите зборуваат се ? пред се самиот изглед ми се смени за 360 во текот на оваа година, а позитивната енергија, самодовербата и уште многу други бенефити од овој предизвик се плус, што не се опишуваат туку едноставно потребно е да се искусат на сопствена кожа ?

profile-pic
Мартина Стојковска

Бев дел само од вториот летен предизвик во 2020 година, бидејќи доцна дознав за првиот ?. Моето искуство е минус 8 кг, многу во обем и голема промена на метаболизмот (во позитивна смисла нормално ?). Од тој предизвик и ден денес сум со Ана ? и нема шанси да прекинам. Еден совет од мене: Приклучувајте се на сите предизвици/програми кај Ана, бидејќи несмее таква шанса да се пропушти! Таа го менува погледот кон исхрана, тренинзи, ги менува навиките во животот..... ТАА го менува ЖИВОТОТ!???

profile-pic
Александра Лазаревска

Пред се беше многу забавно да се биде дел од тимот на Ана , исхрана доволно за да бидеш сита а притоа да слабееш, иако никогаш не си вежбала целиот овој процес ќе те вовлекува се повеќе и повеќе да облечеш патиките и да почнеш па затоа спремај патиките и не се мисли одбројуваме ?️‍♀️?️‍♀️?️‍♀️

profile-pic
Гордана Тасева - Илиевска

Од самиот почеток бев дел од овој најубав тим напред со нашата незаменлива Ана ❤ Благодарение на предизвиците со целокупната екипа и избор на вежби и храна успеав да мојата линија ја доведам до она совршенство кое не ти дозволува да се одлепиш од огледало. Благодарение на оваа промена сега сум во 8от месец од бременоста и го чекам новиот живот со новата улога во него. Па здравје од есен се враќаме со полна пареа ❤❤❤ Благодарам Ана ???

profile-pic
Катерина Захариева

Се мислев дали да почнам со предизвикот на Ана, бев несигурна во себе си викав за џабе ќе плаќам а знам дека нема да можам да издржам ниту една недела,па и пишав на Ана и таа ми даде мотивација и си реков го можеш ти тоа,ќе успееш имај верба во себе и се приклучив на предизвикот.Почетокот секогаш е тежок,но после се идеше многу лесно.И за 1 месец бев-10 кг.И јас бев презадоволна.Јас што бев зависна од храна,што јадев 24/7,што немав никаква желба за вежбање успеав.Штом јас успеав-ќе успееш и ти.

profile-pic
Александра Давидоска

? Се почна како на шала! ? Се сеќавам бев на работа, на инстаграм ми излезе дека Ана ќе прави летен предизвик и си реков ајде да пробам... Бев воодушевена од сите вежби а највеќе од исхраната... Бидејќи слабеевме најадени дури и прејадени ?Бевме една армија на жени кои меѓусебно се поддржуваа и восхитуваа на секоја направена работа... На сите би препорачала да пробаа и да се увида дека не е само ајде ќе гладувам и ќе ослабам... Ана е тука за да ви го докаже сосема спротивното ??

profile-pic
Тања Димишковска

Минатиот летен предизвик предобар. Одличен. Го препорачувам за сите девојки од лично искуство за 4 недели максимално топење лично јас 8 кг да не зборам за тоа колку вкусни оброци и ужини има . Екстра. Браво за Ана.??? Едвај чекам да почнеме.

profile-pic
Марина Стоилова

Со Ана сум од летниот предизвик 2020,еве веќе скоро цела година и да ви кажам не планирам да се откажам ,затоа што ми е многу убаво☺ Летниот предизвик за мене имаше голем пресврт,го смени мојот начин на исхрана и мојот начин на живот а паралелно со тоа го смени и моето тело во кое се чувствувам многу убаво и енергично ? Ја обожавам Ана ??

profile-pic
Елена Милосковска

Супер програми. Со Анна сум од првиот летен предизвик и резултатите се видливи. Полека дајте си шанса пробајте не се форсирајте колку можете толку. Пополека и ке биде ...

profile-pic
Марија Митрева

Програмите на Ана се врв! Ем си кркаш ем слабееш, не ти треба да двоиш саати за вежбање а пак се препотуваш до максимум. За многу брзо време можеш да постигнеш многу добри резултати, но ако правилно се придружуваш на програмата. Резултатите се одма видливи, се чуствуваш по енергичен и свеж.Врв врв??

profile-pic
Ана Дробни

Моето искуство во летниот предизвик е фантастично....прекрасна летна исхрана со која се чувствував сито и ослабено без гладување ? Вежбите исто така беа одлични и ја постигнав својата цел за килограми и фигура ?

profile-pic
Ивана Мановска

Навистина, предизвикот е одличен. Дава енергија, позитива, насмевки. Имај мотивација-доаѓа лето! ☀

profile-pic
Maja Trajkovska

Bi sakala da spodelam mnogu pozitivno i prijatno iskustvo so programite na Ana. Imeno i Ana nesebicno ucestvuva i spodeluva soveti koga ni se potrebni. Na instagram sekogas mi odgovara, sto za mene bese dopolnitelna motivacija bidejki gledam deka i taa se sekira za sekoja edna od nas kako pominuvame vo procesot na dobivanje zdravje i sakana forma na telo.
Za site novi devojki bi kazala, da ne se otkazuvate, nikogas!!!! :)
Ke ve boli moze se ama ke se isplati :)
<3

profile-pic
Дијана Милосављева

Јас сум презадоволна, ослабев - 5 kg за 1 месец притоа не чувствував глад, туку спротивното бев најадена и полна со енергија. Ова година ќе се пријавам пак(веќе си резервирав место). Пријавете се, верувајте нема да се каете ?❤

profile-pic
Соња Станковска

За време на почетокот на пандемијава, страшно се поправи, масни наслаги еден куп, никаква активност за вежбач како мене активен 6 години. Ана ми дојде како нарачана на инстаграм со првиот предизвик.

Огромна благодарност! Oд тогаш сум со Ана и нејзините предизвици, ластици, се што ќе излезе ново од неа.
Веќе и друго од исхрана ме можам ни да јадам, здраво се храниме, убаво се дружиме, вежбаме и за живо чудо во ова време невреме сме позитивни.

Се гледаме на летниот предизвик.

Сакањеее од Соња ❤️

profile-pic
Сара Цветаноска

Прекрасно искуство. Никогаш не би поверувала дека само за еден месец човек може да намали 10кг и при тоа да добие облик на телото и тоа со 3 оброци, со ужинки и десерти.

profile-pic
Тамара Михаиловска

Па јас вака би кажала предобра мотивација. Одлични рецепти, вежбањето супер. Кој не се пријавил да се пријави.Ижа убави резултати кај сите. Моја топла препорака. Ана е топ. ??

profile-pic
Ана Стојкова

Со програмите на Ана? Шта речи?
Си јадеш, си пиеш се по список и си добиваш тело од соништата. Секако со дисциплина и голема желба. Иии секако без изговори.
Бев и на летен предизвик 2020 и летен предизвик вол.2 2020, презадоволна сум бидејќи за толко кратко време(4 недели/28дена) се намалува премногу во обем, и си добиваш тело само за на плажа. ?

profile-pic
Наташа Тасева

ЛП2020 вол.1 беше најбрзата и најдобрата одлука во мојот живот. Од 66кг па се до крајот на ЛП2020 вол.2 стигнав до посакуваната цел на 54кг. Најголемата мотивација во оваа борба против килограмите ми беше армијата т.е девојките од предизвикот кои во фб групата постојано пишуваа кој што зготвил, кој како извежбал и секако Ана од која научив дека и кога јадеме можеме да ослабиме.?❤? Ииии омилениот појадок кој засекогаш ќе остане на моето мени банана омлет, здрава ? верзија.

profile-pic
Јована Крстева

Позитивно, е првото нешто што ми поминува низ глава после летниот предизвик 2020!
Вежбите впрочем беа средно ниво на тежина а доста ефективни,што значи после првата недела мислам дека секој може да ги издржи до крај.Но она што мене најмногу ме кочеше пред да почнам со летниот предизвик беше исхраната.Разновидноста на исхраната која беше и лесна за спремање сеуште е во мојот начин на исхрана и за тоа сум многу благодарна! Топ програма со одличната Ана! Вреди да се проба!

profile-pic
Васка Гиова Дончев

Летен предизвик ќе го памтам засекогаш ? За прв пат најадена, среќна и задоволна слабеев и ослабев 10кг и мноогу во обем. Од летен предизвик почна патувањето со Ана и сеуште трае ?

profile-pic
Мирјана Илиева

До сега сум била на многу нуционисти и на многу диети и се бесе јојо ефект .со Ана се е прекрасно и храна и вежби и не се врака изгубената килаза и ја препорач на сите од срце ❤❤❤

profile-pic
Марија Јовановска

После долго мислење од година дена се пријавив на летниот предизвик и беше буквално предизвик за умот и телото. Предобри резултати, топење на мастите (Ана во буквална смисла маста ни ја извади?) и превкусна храна без гладување.

profile-pic
Симона Ѓуревска

Програмата за летниот предизвик беше одличен , најбитно е што вежбаш слабееш и никако не си гладен .. иако не успеав да го завршам цел предизвик поради некои оправдани причини успеав да намалам 5 кг и што е најбитно имав многу повеќе енергија .. никој нема да згреши ако се пријави на предизвикот а дополнителна мотивација е позитивноста и ведрината на Ана

profile-pic
Викторија Мицоска

Предизвиците ми го променија начинот на живот на најдобро. Се случи огромна промена за краток период. Бев воодушевена. Вежбите беа ситни ама динамитни. За храната немам коментар, слабееме најадени па дури и прејадени. Секојдневна мотивација од девојките во групата и од Ана пред секое видео за вежби. Од тогаш не пропуштам ни предизвик ни програма од Ана. Без двоумење одиме јако на новиов Летен Предизвик.♥??

profile-pic
Елена Стојкоска

Летен предизвик 2020-нешто кое ќе го паметам засекогаш. многуууу задоволна!!! Видливи резултати како никогаш претходно! (Немаше човек што ме виде и не рече дека сум ослабена?) За 4 недели со ниеден пропуштен тренинг, 2-3 cheat meals(и по една чаша вино за викенд) резултатите беа и повеќе од очигледни, ии шо е најважно никогаш не бев гладна. Секогаш полн стомак со прееевкусни јадења. Без двоумење- летен предизвик 2021 е наааајдобриот избор.
Ана Стојанова е THE BEST!!❤❤❤???

profile-pic
Марија Филипоска

Да бидам искрена, пред да се пријавам на летните предизвици од минатата година бев скептик дека ќе постигнам резултати за толку краток период. Но, во секој случај сакав да пробам и НЕ ЗГРЕШИВ.
Јадењето во менито беше повеќе од доволно за да ме држи сита и да ми даде енергија за да можам да ги правам вежбите кои и покрај интензитетот лесно ги прилагодував според моето почетничко ниво.
Го постигнав посакуваниот резултат. Имам само позитивно искуство и најискрено ги препорачувам

profile-pic
Марија Б

Секогаш се соочував со проблеми кога ќе започнев одредена диета (лоша крвна слика, глад, умор, главоболки, вртоглавици..), но откако се приклучив на Програмите на Ана, сето ова наведено погоре, го снема. За една година, не само што ја постигнав мојата цел, туку и крвната слика ми се подобри, а од друга страна стекнав и поголема дисциплина. Ана во ниту еден момент не не оставаше сами и ни беше најголема мотивација, а и поддршка. Да не збориме и за цела армија девојки кои бевме тука една за друга.

profile-pic
Моника Јестровска

Летниот предизвик беше едно од моите најубави искуства во животот. Мотивираност,енергија,дружба,поддршка и секако неизбежни резултати.Армија од жени сплотени ко едно,љубов која ќе остане за цел живот ❤

profile-pic
Наде Андова

Летниот предизвик 2020 засекогаш ќе ми остане во срце како најдобрата одлука што сум ја направила за себе и своето здравје. Но, покрај слабеењето и промената на телото и умот, не бев ни свесна, а добив еден куп нови познанства и вистински пријателства кои ќе ми останат засекогаш! Потребна беше само решителност за да почнам, планот на Ана е совршен и го препорачувам буквално на секоја девојка, направете нешто за себе, за возврат ќе добиете еден тон мотивација и безрезервна поддршка од сите нас ?

profile-pic
Габриела Јовановска

Лично сум презадоволна! ^^ Бев скептик кога се пријавив ама никогаш до сега не сум успеала да го намалам така стомакот колку за време на предизвикот. Храната е доста пристапна и разновидна. Многу ми се допаднаа рецептите, здрави а вкусни и си пишува на секој рецепт детално како се прави што е супер...а вежбите пак кратко траат ама се многу ефикасни.

profile-pic
Мартина Арсевска

Благодарение на Ана успеав во тоа што го посакував достигнав -12 килограми и целосно променет начин на живот.

profile-pic
Дијана Костовска

Доколку се придржуваш до исхраната и вежбите имаш загарантирани резултати. Баш поради тоа сум веќе една година пријавена на сите можни програми и челинџи на Ана едниставно тоа е дел од моето секојдневие ми створи една убава и здрава навика. ??

profile-pic
Марија Спасова

Со килограми претходно немав никаков проблем,меѓутоа со бременоста си дојдоа уште мноогу дополнителни килограми што никако не можев да ги намалам.Случајно ми излезе Ана на инстаграм и ми ја даде правилната формула за здраво хранење и вежби перфектни за моето тело. Започнав со Ана од 5ти Јули 2020 и еве ме сега - 30 килограми и вратена во нормала уште пред бременост.

profile-pic
Ема Ризоска

Здраво :)
Моето најубаво искуство е од ланскиот предизвик кога ја пронајдов Ана :) Ја пронајдов случајно на инстаграм и почнав да гледам нејзини трансформации на програми и предизвици.. Се пријавив и така започна се, мојата завист да сум на програмите на Ана? Изгубив 10кг за само 3 недели, не ми се веруваше,како магија?Самодовербата ми се врати, почнав да се сакам пред огледалото,сфатив дека ова е мојот начин на здрава исхрана и дека цел мој живот ќе бидам на програмите на Ана.

profile-pic
Стефани Стојановиќ

Летниот предизвик беше нешто по што ќе ја памтам 2020! Доказ дека за само 4 недели може да се доведеш во ТОП форма, со истрајност, дисциплина и решителност!
Храна во изобилие, интересни вежби, и програма што ниту за готвење, ниту за вежбање не одзема многу време! Едвај го чекам новиот предизвик да си зГАЗам во стилот на Ана ??❤

profile-pic
Силвана Аврамовска

Предизвиците во 2020 ми го променија начинот на живот, и психички и физички. Лесни и превкусни рецепти, да ја засакаш здравата храна и повеќе да не помислиш на нездрава храна. Енергија до плафон, посилна и поздрава. За човек што воопшто немал физичка активност, предизвиците ме преродија. Го препорачувам на секој, не само на оние кои имаат вишок килограми, туку и на секој што сака да се чувствува и изгледа убаво.

profile-pic
Драгана Џорџевич

Во летниот предизвик 2020 изгубив: 4кг, 12цм струк, 10цм колк, 3,5цм задник...но, и добив голема самодоверба, го променив начинот на исхрана и научив како да ја одржувам својата линија. Топло го препорачувам... за кратко време до резултати и до нова страница од нашиот живот!!! “Летен Предизвик 2021” со душа де чекам ❤

Прашања и одговори

Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.

1. ШТО е SUMMER CHALLENGE?

Summer Challenge е фитнес предизвик за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти, коктели/здрави пијалаци, фонд со парични награди за најдобрите трансформации и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе.  Трае 30 дена, а пристап до вежбите и останатите материјали ќе имаш уште 30 дена. Вкупно 60 дена. Со уплатата добиваш сопствен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

2. ЗА КОГО Е?

Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат.
Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@anastojanova.com и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата.

3. ДАЛИ МОЖАМ ДА ОСЛАБАМ ОД ОВОЈ ПРЕДИЗВИК?

Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.

4. ШТО АКО МОЈАТА ЦЕЛ Е НАКАЧУВАЊЕ МУСКУЛНА МАСА?

Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@anastojanova.com и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата. Ова нема да биде поврзано со предизвикот, но ќе ти помогне да ја постигнеш твојата цел.

5. КАКВА Е ИСХРАНАТА ВО ПРЕДИЗВИКОТ И дали ќе има веге мени?

Станав претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка'', ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Во моментов работам на исхраната во предизвикот и нормално дека ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци :)

6. ШТО АКО ВЕЌЕ СУМ ДЕЛ НА НЕКОЈА ОД ТВОИТЕ ПРОГРАМИ?

Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина. 

7. ДАЛИ ПРЕДИЗВИКОТ Е ЗА ПОЧЕТНИЦИ ВО ВЕЖБАЊЕТО?

Да. Тренинзите се поделени во ДВА ЛЕВЕЛИ, а еве што значи тоа:

Имаме вежби за почетници, но и тренинзи за напредни вежбачки кои дооолго време се дел од Армијата!

Пред да започнеш со вежбање во Летниот Предизвик за тебе подготвив ФИТ ТЕСТ. Целта е да го направиш овој тест и резултатите од тестот ќе ти кажат за кое ниво си (1 или 2).
Фит тестот ќе го имаш во материјалите на твојот профил. (доколку си прв пат со нас ќе видиш дека штом уплатиш, добиваш твој профил каде што ќе ти бидат сите видеа и материјали.)

Без разлика кое ниво си според тестот, ти ќе имаш пристап до двата левела. Така ќе можеш да си комбинираш доколку некогаш ти дојде тешко или лесно.
Тренинзите се кратки, до 15тина минути, а тоа значи дека повеќе НЕМА изговори и НЕМА “немам време” - вади се со нешто друго. ?

8. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРЕДИЗВИКОТ?

Предизвикот ќе трае еден месец.  

9. ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО СЛЕДАМ ПРЕДИЗВИКОТ АКО ИМАМ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ?

Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

10. КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ ОД SUMMER CHALLENGE?

За овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик.

11.КОГА ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО?

Пријавувањето започнува на 10ти Мај во 00:01ч. и ќе биде отворено до 16ти Мај 23:59ч.

12. КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ имам пристап до материјалите?

Пристап до материјалите ќе имаш вкупно 2 месеци.

11.КОЈА Е ЦЕНАТА ЗА ПРЕДИЗВИКОТ?

Официјалната цена и вредност на овој предизвик е 1290 денари. За сите што ќе си резервираат место и уплатат ПРЕД 16ти Мај, 2021 година, цената ќе биде 690 денари. 

13. КАКО МОЖЕ ДА УПЛАТАМ?!

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на help@anastojanova.com и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.а

14. КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВЕЖБАЊЕТО?

КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
Имате вежби за 5 дена во неделата.

ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
Може да се учествува од 16 годишна возраст.

ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?
Не, нема да биде потребна опрема или реквизити.

ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.

ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
Да, ќе има вежби и за задникот.

15. ДАЛИ Е ЗА ТРУДНИЦИ ИЛИ ТАЗЕ МАЈКИ?

Овој предизвик не е за трудници или тазе мајки.

Имаш прашање?

Пополни ја формата подолу и пиши ми :)